ПРВ.мк
Македонија

Светски технолошки гигант ќе купува струја од Македонија – Мицкоски најавува историски договор

Светски технолошки гигант ќе купува струја од Македонија – Мицкоски најавува историски договор
Escape

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до крајот на август ќе биде откриено името на еден од најголемите светски брендови, на ранг со „Гугл“ и „Фејсбук“, кој ќе почне да купува електрична енергија произведена во Македонија. Станува збор за договор со компанијата „Алказар енерџи“, чиј ветерен парк ќе биде изворот на енергија за овој глобален технолошки гигант.

Според Мицкоски, преговорите се во завршна фаза, а објавата ќе ја направи самата инвеститорска компанија. Ако се прифати предлогот на премиерот, „Алказар енерџи“ ќе го прошири капацитетот со соларни панели и батерии на 300 хектари, создавајќи хибриден систем за производство на енергија – комбинација од ветер и сонце.

Премиерот најави и бран нови инвестиции – осум нови проекти ќе бидат потврдени до крајот на годинава, дел од нив се веќе во подготовка, а некои се на чекор до старт. Се разговара и со компании кои произведуваат воена опрема и оружје, за што ќе се формираат посебни индустриски зони.

Покрај технолошки и енергетски проекти, фокусот е и на фармацевтската индустрија. Мицкоски откри дека една компанија од фарма бизнисот ќе ја зголеми својата инвестиција за 60%, а друга – производител на батерии – веќе ја потврди својата намера да инвестира.

Дополнително, три постоечки странски компании во Македонија најавиле проширување на производството и извозот, со што се очекува зголемување на извозот за најмалку половина милијарда долари.

Во однос на домашната економија, растот на кредитирањето во првиот квартал од годинава достигнал 11,8%, што според премиерот е резултат на зголемена доверба и поради ефектите од унгарскиот кредит со ниска камата. Тој додаде дека Владата активно работи на подобрување на бизнис климата и испраќа силна порака до странските и домашните инвеститори: Македонија е подготвена за нова индустриска ера.

Mia Home Mavrovo