ПРВ.мк
Свет

Лоши вести за Украина - Рускиот напад откри шокантна вистина за одбраната на Киев

Лоши вести за Украина - Рускиот напад откри шокантна вистина за одбраната на Киев
Escape

Најновиот руски масовен напад врз Киев разоткри застрашувачка реалност – украинската воздушна одбрана е речиси целосно исцрпена. Системите „Патриот“, клучни за заштитата на главниот град, се на критично ниско ниво, а новите ракети од САД се премалку и доаѓаат предоцна.

Русија лансираше околу 550 ракети и дронови, директно таргетирајќи ги системите околу аеродромите Бориспол и Жулјани. Експертите предупредуваат: без „Патриот“, Киев останува изложен на балистички и крстосувачки ракети, а новиот систем на „Искандер“ успева да ја пробие и најмоќната американска одбрана.

Пентагон најави нов пакет од 100 ракети, но тие ќе бидат потрошени за само неколку дена. Производството е бавно, а нови залихи од Германија нема да стигнат до 2026 година. Ситуацијата станува критична – дали ова се најлошите вести досега за Украина и Зеленски?

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo