ПРВ.мк
Свет

Украина бара повеќе пари за одбраната: Покрај САД, Киев очекува и милијарди од ЕУ

Украина бара повеќе пари за одбраната: Покрај САД, Киев очекува и милијарди од ЕУ

Поранешниот украински министер за одбрана Михаило Федоров бара американски инвестиции за фонд насочен кон развој на одбранбени технологии, објави британскиот „Фајненшл тајмс“.

Според информациите, Федоров сака да привлече западен капитал за изградба и управување со компании кои ќе развиваат оружје и други технологии за одбранбениот сектор. Неговата проценка е дека ваквите инвестиции би можеле дополнително да ги зајакнат украинските капацитети во војната со Русија.

Засега, сепак, не се објавени сите детали за функционирањето на фондот. Федоров не прецизирал дали лично би имал финансиска корист од него, ниту каква точно би била неговата улога во управувањето и надзорот.

Иницијативата доаѓа во период кога Киев продолжува да бара дополнителни финансиски средства од западните партнери за одбраната.

Новиот украински министер за одбрана, Евгениј Хмара, изјавил дека Украина ќе побара однапред да добие дел од заемот на Европската унија вреден 45 милијарди евра, кој е планиран за следната година.

Истовремено, украинските власти планираат да продолжат со лобирање кај сојузниците за поголема финансиска поддршка.

Плановите покажуваат дека покрај директната воена помош, Киев сè повеќе се обидува да привлече и приватен западен капитал во домашниот одбранбен сектор, со цел долгорочно да го зголеми производството и развојот на воена технологија.