ПРВ.мк
Свет

Турски државјани избодеа млад човек, градот во опсадна состојба и безвизниот режим укинат!

Турски државјани избодеа млад човек, градот во опсадна состојба и безвизниот режим укинат!

Во Подгорица владее опсадна состојба откако група турски државјани избодеа млад човек во населбата Забјело. Жителите излегоа на протест, извикувајќи навредливи пароли против напаѓачите, додека полицијата спроведе рации и приведе 45 лица.

Премиерот Милојко Спајиќ веднаш реагираше и најави привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани, што ќе се спроведе по итна постапка. Тој истакна дека во наредниот период ќе се водат интензивни разговори со Република Турција за да се најде најдобриот модел за заеднички интерес и зачувување на економската активност и билатералните односи.

На местото на настанот беа присутни голем број полицајци и инспектори, а досега се идентификувани и приведени двајца турски државјани. Вонредната состојба ќе продолжи се додека не се стабилизира безбедносната ситуација во населбата.

Escape