ПРВ.мк
Македонија

Еве каде денеска е најстудено и највлажно во Македонија

Еве каде денеска е најстудено и највлажно во Македонија

Утрово Попова Шапка е најстудената локација во земјава со температура од само 3 степени, а истовремено е регистрирана и најголема количина на дожд во изминатите 24 часа – 86 литри на метар квадратен.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот температурите биле следниве: 7 степени во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево; 8 во Струмица; 9 во Берово и Крива Паланка; 10 во Куманово, Тетово, Скопје–Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Гевгелија, Велес, Штип и Кавадарци; 11 во Прилеп, Претор, Виница и Охрид; 12 во Демир Капија и Битола.

Количината на врнежи на одделни места изнесува: 57 литри на метар квадратен во Крива Паланка, 55 во Маврови Анови, 43 во Лазарополе и Тетово, 38 во Куманово, 37 во Скопје–Петровец, 33 во Скопје–Зајчев Рид, 31 во Ѓуриште, 28 во Виница, 21 во Велес, 20 во Штип и Крушево, 9 во Кавадарци, 8 во Прилеп, 7 во Демир Капија, 6 во Берово и Битола, 5 во Претор, 4 во Гевгелија и 2 во Струмица.

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на места пообилни и поројни, со услови за ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат, а ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Escape