Утрово на автопатот Скопје – Велес, кај патарината Сопот и пред тунелите на Башино село, се случи голем одрон на левата коловозна лента, поради што сообраќајот се одвива по десната лента.
Покрај одронот, на истото место се случиле две сообраќајни несреќи со материјална штета. Повредени нема, а на терен е испратена служба од ПС за БПС Велес.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина, почитување на поставената сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.
Посебно внимание се советува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.















