25-годишниот скопјанец Б.А. е уапсен од полицијата поради извршени разбојништва во две филијали за брзи кредити на подрачјето на Скопје.
Инцидентите се случиле на 15 и 18 август 2025 година, кога осомничениот со закана со пиштол одзел пари од двете финансиски подружници, едната во ЕВР – Центар, а другата на Бит Пазар.
По лишувањето од слобода, Б.А. признал дека ги извршил делата. Во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а МВР продолжува со истражните активности.















