ПРВ.мк
Македонија

Нов удар за возачите: Горивата повторно поскапуваат – ова се новите цени од полноќ!

Нов удар за возачите: Горивата повторно поскапуваат – ова се новите цени од полноќ!

Од ноќеска на полноќ, возачите во Македонија ќе плаќаат поскапо гориво. Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, дизел горивата поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар. Ова значи дека малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,88 проценти во споредба со претходната пресметка.

Според новата одлука, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 73,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75,5 денари, додека литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по цена од 68 денари. Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ќе чини 67,5 денари за литар.

Поскапување има и кај мазутот, чија малопродажна цена се зголемува за 0,010 денари по килограм и сега изнесува 36,057 денари.

Причината за ова ново поскапување, како што објаснуваат од РКЕ, е растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Бензините бележат зголемување од 1,99 проценти, дизелот за 4,345 проценти, екстра лесното масло за 3,773 проценти, а мазутот за 0,554 проценти. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,3996 проценти, што исто така влијаело врз конечната цена.

Со оваа одлука, граѓаните ќе треба уште подлабоко да посегнат во џеб, додека трендот на зголемување на цените на горивата продолжува да го притиска семејниот буџет.

Escape