На 30.04.2025 околу 10:25 часот, додека бил на работа во службена просторија, откако го примил и потпишал решението за отстранување од работното место, и по наредба да го предаде службеното вооружување, полицискиот инспектор А.Б. извадил службен пиштол од бирото и испукал еден куршум во правец на вратата на метален сеф. Со тоа предизвикал значителна опасност за животот и телото на присутните колеги.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка и ќе изрече задолжителни мерки: суспензија, одземање на службеното оружје и муниција, како и задолжителен психијатриски и психолошки преглед.
Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела од лица со полициски овластувања.















