На 26.10.2025, околу 20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т. од Скопје.
Пукањето било пријавено околу 19:45 часот од територијата на Чаир, по што полицијата веднаш презела мерки. При контролата, Р.Т. бил затекнат со пиштолот.
По целосно документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, соопшти МВР.















