ПРВ.мк
Свет

Цените на нафтата паднаа по веста од Трамп за Русија и Украина

Цените на нафтата паднаа по веста од Трамп за Русија и Украина

Цените на нафтата вечерва забележаа пад откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Русија и Украина се согласиле да ги прекинат нападите врз енергетската инфраструктура на спротивната страна.

Според податоците што ги пренесува „Трејдинг економикс“, цената на нафтата „брент“ се спуштила на околу 106 долари за барел, откако претходно во текот на денот достигнала околу 110 долари, што претставувало четиримесечен максимум.

Пазарите реагирале на најавата дека Москва и Киев би можеле да ги запрат меѓусебните напади врз енергетските капацитети, што би го намалило ризикот од дополнителни нарушувања во снабдувањето со енергенси.

И цената на американската сурова нафта се движела надолу во вечерното тргување.

Сепак, станува збор за информација објавена од Трамп, а деталите за евентуалниот договор, неговото времетраење и начинот на спроведување треба дополнително да бидат потврдени од вклучените страни.