ПРВ.мк
Свет

Трамп воведува царини од 25% за овие земји од 1 август – Започнува трговска битка!

Трамп воведува царини од 25% за овие земји од 1 август – Започнува трговска битка!
Escape

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 август официјално ќе стапат на сила царини од 25% за увозот на производи од Јапонија и Јужна Кореја, соопшти Блумберг. Оваа одлука, објавена преку неговата платформа TruthSocial, ја продолжува неговата политика за заштита на американската економија и индустрија.

По претходно одложување од 90 дена на реципрочните царини – кои првично изнесуваа 24% за Јапонија и 25% за Јужна Кореја, а беа намалени на 10% заради преговори – Трамп сега ја враќа полната стапка на давачки, поради недоволните резултати од преговорите.

Во предупредувачка порака до двете земји, Трамп јасно истакна дека доколку тие одлучат да одговорат со контрамерки, тие дополнителни царини ќе бидат додадени на веќе најавените 25%.

Оваа мерка дополнително го продлабочува трговскиот конфликт и испраќа силна порака дека САД нема да попуштат кога станува збор за заштита на домашниот пазар.

Mia Home Mavrovo