ПРВ.мк
Свет

Трамп се заканува: САД ќе ја брани Полска и балтичките држави доколку Русија ја ескалира ситуацијата

Трамп се заканува: САД ќе ја брани Полска и балтичките држави доколку Русија ја ескалира ситуацијата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ги брани Полска и балтичките држави доколку Русија продолжи со ескалација во регионот. „Да“, одговори Трамп кога беше прашан дали ќе интервенира во одбраната на овие земји.

Изјавата уследи по неодамнешните инциденти во Балтичкото Море, кога три руски борбени авиони МиГ-31 влегоа во естонскиот воздушен простор, а Полска пријави нарушување на безбедносната зона околу платформата Петробалтик и навлегување на 19 руски беспилотни летала во својот воздушен простор.

Трамп истакна дека бил информиран за овие инциденти и дека САД не ги прифаќаат ваквите кршења на меѓународниот воздушен простор, нагласувајќи ја подготвеноста на Америка да ги заштити своите сојузници.

Escape