ПРВ.мк
Свет

ТРАМП СЕ РАЗБЕСНИ НА ПРАШАЊЕ ЗА ПУТИН: „ВИЕ СТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ!“ – Жестока расправија во Белата куќа

ТРАМП СЕ РАЗБЕСНИ НА ПРАШАЊЕ ЗА ПУТИН: „ВИЕ СТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ!“ – Жестока расправија во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп имаше жестока вербална расправија со новинар за време на прес-конференција во Белата куќа на 9 ноември, откако доби прашање за рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина.

Новинар на телевизиската мрежа MS NOW го праша Трамп зошто Путин продолжува да ги игнорира неговите барања за прекин на огнот и директна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Новинарот потсети дека во изминатите 22 месеци американскиот претседател повеќепати поставувал рокови за постигнување примирје, но дека тие не биле исполнети.

Наместо директен одговор, Трамп го прекина новинарот и возврати со прашањето дали Путин воопшто војувал против Соединетите Американски Држави.

Потоа побара да дознае за која медиумска куќа работи новинарот.

Кога слушна дека станува збор за MS NOW, Трамп одби да продолжи со одговорот.

„Тоа е лажна телевизија. Не сакам да одговорам на вашето прашање“, изјави американскиот претседател.

Тој дополнително ја критикуваше телевизијата, тврдејќи дека бележи исклучително слаба гледаност и дека станува збор за медиум кој шири лажни информации.

По кратката расправија, Трамп го насочи вниманието кон другите присутни новинари, оставајќи го прашањето за односот на Путин кон американските барања без конкретен одговор.

Инцидентот се случи во период на обновени дипломатски напори за постигнување договор за прекин на војната во Украина.