ПРВ.мк
Македонија

„МВР со превентивни активности низ повеќе градови: Безбеден сообраќај и заштита на младите“.

„МВР со превентивни активности низ повеќе градови: Безбеден сообраќај и заштита на младите“.

Министерството за внатрешни работи на повеќе локации низ земјава спроведе превентивни активности насочени кон поголема безбедност во сообраќајот, но и кон заштита на младите од врсничко и сајбер насилство.

Во Штип, Пробиштип и Кочани полициски службеници разговараа со возачите за опасностите од управување возило под дејство на алкохол, користење мобилен телефон при возење, техничката исправност на возилата и одговорното однесување пред пешачки премини.

На возачите им биле поделени едукативни материјали и им биле појаснети законските обврски и санкциите за непочитување на сообраќајните правила.

Во Виница, учениците од СОУ „Ванчо Прќе“ учествуваа на предавање за сообраќајните правила, прописите и одговорноста на младите како учесници во сообраќајот.

Во Кавадарци и Росоман беа реализирани активности за заштита од врсничко и сајбер насилство, како и кампања за задолжителна зимска опрема во возилата.

Во Чашка полициските службеници ја потенцираа важноста од задолжително користење сигурносен појас, додека во Велес и Градско беше спроведена кампањата „Алкохолот е лош сопатник – не пиј кога возиш“.

Превентивни предавања за булинг, зависности и безбеден сообраќај беа одржани и во училиштата во Ресен и Пласница.

Од МВР посочуваат дека ваквите активности имаат цел преку едукација, директна комуникација и превенција да се зголеми свеста за безбедно однесување и заштита на граѓаните.