САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија, потврди Пентагон. Според главниот портпарол Шон Парнел, процесот треба да биде завршен во период од шест до 12 месеци.
Одлуката доаѓа во момент на зголемени тензии меѓу Вашингтон и европските сојузници, особено околу војната во Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека се разгледува намалување на бројот на американски војници во Германија.
Причина за дополнително заострување на односите беше изјавата на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој оцени дека Иран ги понижува САД во разговорите за завршување на војната.
Во Германија моментално се стационирани околу 40.000 американски војници, а таму се наоѓа и седиштето на Европската команда на САД.
Повлекувањето на дел од силите претставува нов сигнал дека односите меѓу Трамп и Европа влегуваат во чувствителна фаза.








