ПРВ.мк
Свет

Трамп со шокантна изјава: „Ние сме како пирати и ја земаме нафтата“

Трамп со шокантна изјава: „Ние сме како пирати и ја земаме нафтата“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската морнарица запленува бродови и нафта во рамки на поморската блокада на иранските пристаништа.

Тој, опишувајќи една од последните акции, рече дека американските сили ја презеле контролата врз брод, го зеле товарот и нафтата, нарекувајќи го тоа „профитабилен бизнис“. Во истата изјава Трамп додаде дека САД дејствуваат „како пирати“, но дека „не се играат“.

Според информациите, дел од иранските бродови биле запленети откако ги напуштиле иранските пристаништа, а цел биле и санкционирани контејнерски бродови и танкери во азиските води.

Во меѓувреме, Иран речиси целосно го блокирал поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, додека САД вовеле посебна блокада на иранските пристаништа.

Овие случувања дополнително го продлабочуваат конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, кој започна по нападите од 28 февруари и веќе предизвика сериозни последици во регионот.

Преговорите меѓу Вашингтон и Техеран остануваат во ќорсокак, иако Иран доставил нов мировен предлог преку пакистански посредници. Трамп, сепак, порача дека не го одобрува предлогот и дека нема намера брзо да ги повлече американските сили.