ПРВ.мк
Македонија

Ноќна контрола заврши со приведување: прилепчанец агресивно се однесувал кон полицијата

Ноќна контрола заврши со приведување: прилепчанец агресивно се однесувал кон полицијата

Полициски службеници во Прилеп привеле возач кој за време на сообраќајна контрола агресивно се однесувал кон полицијата.

Инцидентот се случил на 2 мај, околу полноќ, на булеварот „Гоце Делчев“, каде било запрено патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки. Возилото го управувал Н.Н. од Прилеп.

Според информациите, при контролата возачот наместо да соработува, упатувал навреди и закани кон полициските службеници. Поради таквото однесување, тој бил лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.