ПРВ.мк
Македонија

Студен бран ја изненади Македонија: еве каде утрово беше најладно

Студен бран ја изненади Македонија: еве каде утрово беше најладно

Утрово Македонија се разбуди со невообичаено ниски температури за мај. Според податоците на УХМР, најстудено било во Берово и на Попова Шапка, каде во 7 часот биле измерени -4 степени Целзиусови.

Минусни температури се регистрирани и во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор и Крушево, каде биле измерени -2 степени, додека -1 степен е забележан во Битола, Штип, Велес, Маврови Анови и Лазарополе.

Во Охрид, Кавадарци, Демир Капија и Струмица температурата изнесувала 0 степени, додека најтопло утрово било во Тетово со 5 степени.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Во југоисточните делови има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а максималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и можност за слаб локален дожд попладне.