Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека по едночасовниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин не постигнал никаков напредок, особено кога станува збор за можноста за завршување на војната во Украина.
„Разговаравме долго, допревме многу теми, вклучувајќи ја и ситуацијата со Иран. Говоревме и за Украина, но не сум задоволен од тоа,“ изјави Трамп пред да отпатува на настан во Ајова.
На прашањето дали остварил некакви конкретни резултати, тој кратко одговори: „Не, денес воопшто не постигнав никаков напредок.“
Ова беше нивниот шести телефонски разговор откако Трамп повторно ја презеде функцијата претседател, а главната тема беше тековната војна меѓу Русија и Украина, како и состојбата на Блискиот Исток.
Очигледно, и покрај долгите дискусии, големите прашања остануваат нерешени.