ПРВ.мк
Свет

Ноќва се случи најголемиот масовен дронски и ракетен напад на Русија (ФОТО)

Ноќва се случи најголемиот масовен дронски и ракетен напад на Русија (ФОТО)
Escape

Русија ноќеска изврши масовен ракетен и дронски напад врз Киев и други градови во Украина, при што се повредени над 20 лица. Војната предизвика големи оштетувања на станбени згради, училишта и болници, додека Министерството за одбрана на Русија засега молчи по овие удари.

Градоначалникот Виталиј Кличко информира дека во нападот се повредени 23 лица, од кои 14 се хоспитализирани, вклучувајќи и десетгодишно девојче. Нападот оставил сериозни последици, вклучувајќи пожари на 13 локации и загадување на воздухот.

Како одговор, Украина рано утрово изврши дронски напад врз Сергиев Посад, округ на само 75 километри од Кремљ, познат како духовен центар на Русија и Руската православна црква. Во нападот е повредено едно лице и е оштетена трафостаница.

Рускиот воен ресор објави дека уништил 48 украински дронови на неколку места, но не ги спомна нападите во Московската област. Во јужниот регион Ростов, жена загина од украински дронски удар.

Оваа ескалација следува само неколку часа по телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, кој не донесе никакви позитивни резултати. Путин ја потврди решеноста на Русија да ги следи своите воени цели во Украина, додека Трамп изјави дека не постигнал напредок во преговорите.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo