ПРВ.мк
Свет

ТРАМП ГО КРШИ 33-ГОДИШНИОТ МИР: Америка повторно го тестира ова оружје!

ТРАМП ГО КРШИ 33-ГОДИШНИОТ МИР: Америка повторно го тестира ова оружје!

По повеќе од три децении тишина во нуклеарната трка, поранешниот американски претседател Доналд Трамп нареди повторно активирање на тестирањата на нуклеарното оружје – потег кој може целосно да ја промени глобалната рамнотежа на моќта.

Според Трамп, оваа одлука е нужна за САД да не заостанат зад Русија и Кина, кои во последните години интензивно ги развиваат своите нуклеарни програми. Америка, која последен пат извршила вакво тестирање во 1992 година, повторно се подготвува да ја вклучи најразорната технологија што ја поседува човештвото.

„Поради тоа што други држави активно ги тестираат своите програми, му наредив на Министерството за војна да започне со нова серија тестирања на американското нуклеарно оружје. САД имаат најголем арсенал во светот – Русија е веднаш зад нас, а Кина брзо се приближува“, изјави Трамп, нагласувајќи дека нема намера Америка да остане во сенка.

Одлуката доаѓа само неколку дена по неговите остри критики за новото руско тестирање на нуклеарен проектил со неограничен дострел, оружје што Москва го нарекува „револуционерно“. Иако свесен за катастрофалната моќ на ваквите средства, Трамп тврдеше дека „немал друг избор“ освен повторно да го зајакне американскиот нуклеарен капацитет.

Тој предупреди дека кинеската нуклеарна програма напредува со застрашувачка брзина и дека во рок од пет години би можела да ја стигне Америка, што би значело крај на нуклеарната доминација на Вашингтон.

Иако не откри конкретни детали околу локацијата и времето на тестирањата, Трамп порача дека процесот започнува веднаш, што претставува историски пресврт во американската политика. За потсетување, токму во 1992 година Џорџ Буш постариот воведе мораториум на вакви активности, означувајќи крај на Студената војна.

Од другата страна, Русија викендов соопшти дека успешно тестирала две нови нуклеарно-способни оружја – ракета што може да ги пробие американските одбранбени системи и подводниот дрон „Посејдон“, кој, според Кремљ, е способен да создаде радиоактивни цунами-бранови долж американскиот западен брег. Сепак, овие тестови не вклучуваа реална нуклеарна детонација.

Американскиот Центар за стратешки и меѓународни студии предупредува дека Кина речиси го удвоила својот нуклеарен арсенал во последните пет години и би можела да надмине 1.000 боеви глави до 2030 година. Во моментов, САД располагаат со околу 5.225, а Русија со околу 5.580 нуклеарни проектили – бројки кои се доволни да го уништат светот повеќепати.

Со овој потег, Трамп ја отвора новата ера на нуклеарна неизвесност, која може повторно да ја запали трката за најсмртоносното оружје на планетата.

Escape