Ураганот Мелиса предизвика смрт на повеќе од 30 луѓе и големи штети во карипските земји, меѓу кои Јамајка, Хаити, Доминиканска Република и Куба, јавува Sky News.
Официјални податоци покажуваат дека досега на Хаити се пријавени 25 смртни случаи, осум во Јамајка и еден во Доминиканската Република.
Снимките од воздух покажуваат градови уништени од невремето, кое стигна на копно на 28 октомври како ураган од петта категорија со ветрови до 295 км/ч. Мелиса ослабе при пристигнувањето во Куба во средата наутро, но предизвика уништување на домовите и блокирање на патиштата.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД испраќаат тимови за спасување и поддршка во напорите за опоравување и дека владините претставници се координираат со властите на Јамајка, Хаити, Доминиканската Република и Бахамите.















