рагична железничка несреќа го погоди регионот околу Барселона, при што машиновозач загина, а најмалку 14 лица се повредени. Несреќата се случила кога регионален воз на мрежата Rodalies удрил во потпорен ѕид кој се урнал врз пругата помеѓу Желида и Сант Садурнија.
На местото на настанот интервенирале 35 пожарникари и 11 возила на итна медицинска помош, кои спасувале и патник заглавен во возот. Повредените биле пренесени во локални болници, а железничкиот сообраќај на оваа делница е целосно прекинат.
Несреќата се случува во услови на екстремни временски неприлики. Истокот и северозападот на Шпанија се погодени од силни бури, а на Пиринеите и крајбрежјето на Менорка се забележани снежни и силни невремиња, со бранови од неколку метри.
Ова е втора сериозна несреќа во Шпанија во последните денови. Само два дена претходно, во Андалузија, судир на два брзи воза однесе најмалку 42 животи, кога вагони излегоа од шините и се судрија со воз на спротивната пруга.
Локалните власти истакнуваат дека истрагата за причините на денешната несреќа е во тек, а јавноста е предупредена да избегнува патување на погодените делници.

















