ПРВ.мк
Свет

РУСИЈА ВО ПЛАМЕН: Тајна украинска единица изведува удари длабоко во Русија - еве кој ја раководи!

РУСИЈА ВО ПЛАМЕН: Тајна украинска единица изведува удари длабоко во Русија - еве кој ја раководи!

Тајната украинска единица за длабоки удари, позната под името „Raid“ и која дејствува во рамките на 413. посебен полк за беспилотни системи, откри детали за своите долгогодишни операции изведувани длабоко зад непријателските линии за време на руската инвазија врз Украина.

Според украинскиот медиум NV, единицата официјално била признаена дури во 2026 година, иако со години спроведувала сложени операции насочени кон стратешки цели на руска територија.

Меѓу најзначајните акции што им се припишуваат се нападите врз рафинеријата за нафта во Туапсе, пристаништето Уст-Луга, цели во Москва, како и воздушната база Енгелс.

Операторите на единицата работат во мали, мобилни тимови и користат обични комбиња за прикриено движење. За извршување на мисиите употребуваат беспилотни летала од типот „Fire Point“, кои овозможуваат лансирање од речиси секој терен, без потреба од писта или специјално подготвена инфраструктура.

Според украинските извори, токму ваквиот начин на работа им овозможува голема мобилност, изненадување и способност за изведување удари врз цели кои се наоѓаат длабоко во заднината на руските сили.

Најнови вести