ПРВ.мк
Свет

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Се урна авион – сите патници загинале, првите детали од местото на несреќата шокираат!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Се урна авион – сите патници загинале, првите детали од местото на несреќата шокираат!
Kristal

Тешка авионска несреќа ја потресе Русија откако во северниот регион Иваново се урна воен транспортен авион за време на редовен лет. Според првичните информации, во леталото имало седум лица, а ниту еден од нив не преживеал.

Руското Министерство за одбрана потврди дека авионот паднал во ненаселено подрачје, при што веднаш била активирана операција за пребарување и спасување. На терен работат повеќе екипи, кои ја обезбедуваат локацијата и собираат докази што ќе помогнат во утврдување како дошло до ужасниот инцидент.

Според руските медиуми, станува збор за авион од типот „Антонов Ан-22“, модел развиен уште во 1960-тите, кој се користи за транспорт на голем воздушен товар и за падобрански мисии. Наводно, ова бил последниот авион од овој модел што сè уште го користела руската армија.

Министерството објави дека летот се изведувал по извршени поправки на леталото, но причините за падот сè уште не се познати. Експертите ќе треба да утврдат дали се работи за технички дефект, човечка грешка или нешто друго.

Настанот предизвика голем шок во јавноста, особено поради фактот што ова е редок тип на авион, а несреќата се случила во момент кога не се изведувала никаква борбена операција.

FixCredit
Atensa 300
Escape