Алармантната е ситуација во основното училиште „Климент Охридски“ во Охрид, каде учениците денес излегоа на протест поради неподносливите услови за настава.
Учениците одбиваа да се вратат во училниците, и тоа покрај притисокот од директорката и дел од професорите. Зградата е во тешка состојба – покривот прокиснува, голем дел од училниците се заклучени поради паднати плафони, ѕидовите се обложени со црна мувла, а на секој кат владее неподнослива миризба.
Според информациите, многу ученици имаат респираторни проблеми, се жалат на главоболки, кашлање и отежнато дишење. Сликите испратени од граѓани покажуваат катастрофална состојба која ја споредуваат со Голи Оток, оставајќи впечаток на негрижено и опасно училишно опкружување.




















