ПРВ.мк
Балкан

Вучиќ предупредува: Спремете се нѐ очекува голема војна!

Вучиќ предупредува: Спремете се нѐ очекува голема војна!
Kristal

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази загриженост за иднината на меѓународната политика и енергетската ситуација, додека се чекаат вести од Москва за испораките на плин. Во интервју за време на форумот BELTALKS, кој се фокусира на зајакнување на соработката и конкурентноста во Европа, Вучиќ рече дека рационалноста во меѓународните односи сè повеќе исчезнува.

„Јас сум рационална и прагматична личност, но во меѓународната политика повеќе нема рационалност. Можам да предвидам многу работи, но сè повеќе е невозможно да се претпостави што ќе се случи“, изјави Вучиќ.

Претседателот додаде дека не може да прогнозира како ќе заврши прашањето за енергетската ситуација во Србија.

„Никој повеќе не сака да ја слуша другата страна. За година и пол ќе се соочиме со голема војна. Многумина ќе кажат дека преувеличувам, но предвидов и војната во Украина три месеци пред да започне. Анализирав податоци и човечки емоции, и тоа е причината за моите предупредувања“, рече Вучиќ.

Тој исто така одби да коментира на тврдењата за закана од војна во регионот и за неговата наводна поврзаност со „сараевското сафари“.

FixCredit
Atensa 300
Escape