Вчера околу 01:00 часот, полицијата од Полициската станица за Граничен надзор Михајлово го лиши од слобода Р.К. (37) од Демир Капија, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
Инцидентот се случил на бензинска пумпа на автопатот Неготино-Демир Капија, каде полицајците пронашле мобилен телефон на Р.К. на кој имало бела прашкаста материја.
Телефонот и материјата се одземени, а лицето е задржано во полициска станица. За случајот е известен јавен обвинител и по комплетирање на документацијата против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















