ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) Фреската на Тоше Проески во манастирот во Крушево привлекува туристи од целиот Балкан!

(ФОТО) Фреската на Тоше Проески во манастирот во Крушево привлекува туристи од целиот Балкан!
Kristal

Манастирот во Крушево, каде се наоѓа впечатливиот портрет на Тоше Проески, станува сè поголема туристичка атракција, посетуван не само поради верските причини, туку и заради почитта кон легендарниот пејач. Многумина доаѓаат и да го посетат неговиот гроб, каде се служат помен и молитви за покој на душата.

На 18-годишнината од смртта на Тоше, во манастирот беше одржан годишен помен, а митрополитот крушевски и демирхисарски Јован го посети неговиот гроб, читајќи молитви за спокојство на неговата душа.

Тоше уште за време на едно од своите последни интервјуа изјави дека токму во овој манастир го чувствува својот мир, што подоцна доведе до подигнување на фреската во негова чест.

Српскиот медиум „Курир“ потсетува и на тоа дека порано Македонската православна црква разгледувала можност Тоше да биде прогласен за светител, за што зборувале владиката Петар и други претставници на МПЦ-ОА.

FixCredit
Atensa 300
Escape