ПРВ.мк
Свет

Европската комисија остро му одговори на Трамп: ‚Европа има силни лидери на чело!‘

Европската комисија остро му одговори на Трамп: ‚Европа има силни лидери на чело!‘
Kristal

Портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо, денес јавно одговори на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Политико“ ги оцени европските лидери како „слаби“.

„Многу сме задоволни и благодарни што имаме одлични лидери, почнувајќи од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која сме навистина горди“, изјави Пињо. Таа нагласи дека Европа има силни и искусни лидери кои успешно се справуваат со бројните предизвици, од трговски прашања до безбедносни ризици во соседството.

Портпаролката посочи дека лидерите на 27-те земји-членки ја водат ЕУ како мирољубив и стабилен проект, и дека милиони граѓани се горди на нивната работа.

Трамп, пак, во интервјуто оцени дека Европејците се слаби и дека Русија е во позиција на сила во војната во Украина. Тој ги критикуваше европските влади за „неактивност“ и за имиграциските политики, тврдејќи дека тие довеле до проблеми во големите градови како Париз, Лондон и Стокхолм.

„Ние сме горди на нашите лидери и на начинот на кој ја водат Европа“, додаде Пињо, јасно ставјќи до знаење дека оценките на Трамп не ја одразуваат позицијата на Европската комисија.

FixCredit
Atensa 300
Escape