ПРВ.мк
Свет

Фармацевт „креирал“ лажни рецепти, украдени преку 400.000 евра – еве како го направил тоа!

Фармацевт „креирал“ лажни рецепти, украдени преку 400.000 евра – еве како го направил тоа!
Kristal

Грчката јавност е потресена по откритието дека 34-годишен фармацевт е осомничен како водач на организирана криминална група која со лажни рецепти успеала да извлече над 400.000 евра од државниот здравствен фонд EOPYY. Осомничениот веќе е приведен по сведочење пред истражен судија.

Во случајот е вклучена и неговата 29-годишна сопруга, по професија лекарка. Таа била испитана за нејзината евентуална улога во мрежата, но засега е пуштена под рестриктивни мерки додека истрагата продолжува.

Според документите од истрагата, криминалната група функционирала на високоорганизиран начин – користеле туѓи броеви на социјално осигурување (AMKA) за да креираат лажни рецепти, кои потоа виртуелно се евидентирале како подигнати во аптеката на фармацевтот. Наместо кај пациентите, лековите завршувале на црниот пазар, каде биле препродавани.

Во шемата учествувале и неколку лекари, меѓу кои и специјалисти, кои им давале пристап до податоци и медицинска документација.

Случајот излезе на виделина во рамки на поголема истрага што ги опфаќа регионите Атика, Фтиотида и Пиерија, објавува „Е-Катимерини“.

Грчките власти најавуваат проширување на истрагата, а не се исклучува можноста за нови апсења во следните денови.

FixCredit
Atensa 300
Escape