ПРВ.мк
Свет

Србија сака во Шенген веќе догодина – но една важна промена засега ја одложува

Србија сака во Шенген веќе догодина – но една важна промена засега ја одложува

Србија планира до крајот на 2027 година да стане дел од Шенгенскиот простор, но во моментов не планира да воведе визи за руските државјани.

Ова го изјави Велко Одаловиќ, раководител на новоформираното Координативно тело за влез на Србија во Шенген, посочувајќи дека усогласувањето на визната политика со Европската Унија ќе се одвива постепено.

За членство во Шенген, Србија ќе мора целосно да ја усогласи својата визна политика со ЕУ. Тоа би значело промена на безвизниот режим со повеќе држави, меѓу кои и Русија.

Сепак, според Одаловиќ, воведувањето визи за Русите во моментов не е приоритет.

„Тоа во овој момент не е нешто што го ставаме во преден план. Постепено се движиме кон усогласувањето“, изјави тој.

Како пример ја посочи Црна Гора, која од ноември воведува визи за државјаните на Русија, Турција, Кина, Белорусија и Саудиска Арабија во рамки на усогласувањето со политиките на Брисел.

Во моментов, руските државјани можат да престојуваат во Србија до 30 дена без виза, а за подолг престој мора да побараат соодветна дозвола.