ПРВ.мк
Свет

Срамна наплата на Крит - Туристите во неверување

Срамна наплата на Крит - Туристите во неверување
Escape

Најпознатата плажа на Крит, Елафониси, која важи за рај на земјата со розев песок и тиркизно море, ги изненади туристите со една неочекувана наплата – 1 евро за користење на јавниот тоалет!

Посетителите од Балканот, навикнати дека во Грција тоалетите се бесплатни, останале шокирани. За четиричлено семејство, тоа значи дури 4 евра дневно – само за основна потреба.

„Да платиш лежалка разбирам, но за тоалет – првпат го доживувам ова во Грција“, вели револтиран турист.

Дополнително, лежалка со чадор чини 20 евра, а паркингот и превозот до оваа оддалечена плажа значат нови трошоци. Елафониси останува убаво место, но се поставува прашањето: каде е границата помеѓу туризам и алчност?

Mia Home Mavrovo