ПРВ.мк
Свет

Медведев со потсмев кон НАТО: „Очигледно изел премногу магични печурки“

Медведев со потсмев кон НАТО: „Очигледно изел премногу магични печурки“
Escape

Дмитриј Медведев жестоко го нападна новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, поради неговите изјави за можен руски напад врз Европа, координиран со кинескиот напад врз Тајван. Во типично провокативен стил, Медведев изјави дека Руте „очигледно изел премногу од магичните печурки што ги сакаат Холанѓаните“.

Реакцијата дојде по интервју на Руте за „Њујорк тајмс“, во кое тој спомна сценарио во кое Кина би можела да го поттикне Путин на напад врз Европа за да го одвлече вниманието од Индо-пацифичкиот регион. Медведев, поранешен претседател и премиер, сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, не го поштеди Руте:

„Гледа дослух меѓу Кина и Русија, а потоа и напад врз Европа. Но барем е во право за едно – треба да научи руски. Може да му биде корисно… во сибирски камп“, напиша Медведев саркастично.

Изјавата предизвика бурни реакции, особено во западните медиуми, кои ја толкуваат како закана и уште една потврда за агресивниот дискурс на руското раководство. Тензиите помеѓу НАТО и Русија продолжуваат да растат, а ваквите изјави уште повеќе ја поткопуваат можноста за дипломатско смирување.

Mia Home Mavrovo