Дмитриј Суслов, влијателен советник на Кремљ за надворешна политика, откри за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ какви услови Путин го поставува пред самитот Трамп–Путин во Алјаска.
Тој објасни дека Кремљ предлага билатерален план за прекин на огнот во Украина, без учество на Украина и Европа, кој предвидува повлекување на украинските сили од Донбас и повлекување на Русија од некои други региони, како и забрана за приклучување на Украина кон НАТО.
Суслов предупреди дека доколку Украина и Европа го одбијат овој предлог, Трамп може да ја прекине воената помош за Киев и дури да запре продажба на оружје преку Европејците, што би довело до забрзан пораз и „тотален колапс“ на Украина.
Тој го истакна и притисокот што Трамп го чувствува од одбивањето на Кина, Индија и Бразил да престанат со увоз на руска нафта, што ги ограничува санкциите и го тера американскиот претседател да бара компромис со Русија.
Суслов смета дека успешен самит и договор за прекин на огнот би ја олеснале американската позиција и би го оддалечиле ризикот од поширок конфликт со земјите од БРИКС.