Денеска избувна пожар пред патарината кај Куманово на автопатот Скопје–Куманово. Пожарот го зафати средишното зеленило на автопатот, а противпожарните екипи веќе се на терен и работат на негово локализирање.
На возачите им се препорачува зголемена претпазливост и внимателно движење на оваа делница заради безбедност.