ПРВ.мк
Македонија

АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Приведени пијани возачи и деца без дозвола - Ова се деталите

АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Приведени пијани возачи и деца без дозвола - Ова се деталите

Полицијата спроведе голема акција низ целата држава во која биле приведени 18 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци, меѓу кои и малолетници кои управувале возила без дозвола.

Според информациите од МВР, во текот на изминатото деноноќие биле санкционирани 12 лица кои возеле без возачка дозвола, а дури пет од нив биле малолетници. Дополнително, четворица биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, додека двајца истовремено биле без дозвола и под дејство на алкохол.

Најмногу случаи биле регистрирани во Кичево, каде биле приведени шест лица, од кои тројца малолетници. Во Скопје биле затекнати две малолетни лица зад волан без возачка дозвола, а прекршоци биле откриени и во Велес, Струга, Прилеп, Делчево, Свети Николе, Радовиш и Гостивар.

Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави против сите прекршители.

МВР повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да не седнуваат зад волан без дозвола или под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.