Пејачката Марија Шерифовиќ, која моментално е на одмор со своето семејство, откри дека наместо спокој и релаксација, се соочува со сериозни проблеми со сонот. Веќе неколку ноќи по ред ја мачат интензивни и вознемирувачки кошмари, поради што преку социјалните мрежи побара совет од своите следбеници.
Иако одморот започнал мирно, ситуацијата се променила и Марија често се будела вознемирена. Со доза на хумор, но и загриженост, таа напишала: „Дали вие сонувавте катастрофи? Разни и чудни! Ако има некоја болница, јавете, што било брате мил…“

Јавноста се прашува дали ова е последица на стрес или некој посериозен проблем, додека Марија се надева дека ќе ја открие причината и ќе може да го продолжи одморот без ноќни вознемирувања.