ПРВ.мк
Сцена

ШОК ЗА ЈАВНОСТА: Познат глумец пронајден мртов - еве каде е пронајдено неговото тело!

ШОК ЗА ЈАВНОСТА: Познат глумец пронајден мртов - еве каде е пронајдено неговото тело!

Канадскиот актер Стјуарт Меклин е пронајден мртов, неколку дена откако беше пријавено неговото исчезнување, а истрагата сега се води како можно убиство.

Според соопштението на Канадскиот интегриран тим за истрага на убиства (IHIT), неговите посмртни останки биле пронајдени во областа Лајонс Беј, во канадската провинција Британска Колумбија.

45-годишниот актер последен пат бил виден на 15 мај во својата куќа во Лајонс Беј, а три дена подоцна полицијата добила пријава за исчезнато лице.

Истражителите соопштија дека во моментов собираат и анализираат докази, ги прегледуваат снимките од безбедносните камери и разговараат со сведоци за да ја утврдат временската рамка на неговите последни активности.

„Работиме на пронаоѓање одговори за семејството и пријателите на господинот Меклин“, изјавија од истражниот тим, додавајќи дека случајот засега се третира како изолиран инцидент.

Неговата смрт ја потврди и агенцијата „Lucas Talent Inc.“, од каде со емотивна порака се простија од актерот.

„Со голема тага се збогуваме со нашиот сакан клиент Стју Меклин. Беше професионален, посветен и човек со неверојатна енергија и смисла за хумор“, стои во соопштението на неговата агентка Џоди Каплан.

Стјуарт Меклин беше познат по улогите во повеќе телевизиски серии, меѓу кои „Virgin River“, „Murder in a Small Town“, „Happy Face“ и „Arrow“.