ПРВ.мк
Сцена

Изнуда и палење возило - ова е момчето кое му го запали автомобилот на Бака Прасе!

Изнуда и палење возило - ова е момчето кое му го запали автомобилот на Бака Прасе!

Вишото јавно обвинителство во Белград подигна обвинение против Зоран Р. (22) поради сомнение дека се обидел да изнуди најмалку 40.000 евра месечно од познат инфлуенсер Б. И., користејќи закани и палење на автомобил како средство за притисок.

Обвинението е доставено до Вишиот суд во Белград за одлука за негово потврдување, а на осомничениот му се ставаат на товар кривичните дела обид за изнуда и предизвикување општа опасност. Обвинителството предложило и продолжување на мерката притвор.

Според наводите од обвинението, Зоран Р. барал од оштетениот најмалку 40.000 евра месечно, при што ја оправдувал побарувачката со наводна „заштита од врачарскиот клан“. Во комуникацијата, како што се наведува, користел закани и упатувал на детали од приватниот живот на инфлуенсерот со цел да изврши притисок.

Истражните органи тврдат дека тој постапувал по налог на друго лице А. А., кое претходно се интересирало за оштетениот во еден белградски ресторан и собирало информации за него.

Откако инфлуенсерот одбил да ја прифати понудата, на 16 февруари 2026 година бил запален неговиот автомобил на паркинг во Белград на вода. Според обвинението, Зоран Р. го прелил возилото со запалива течност и го запалил со цел да ја покаже сериозноста на заканите и да ја засили изнудата.

Станува збор за луксузен автомобил „Mercedes G 800 4x4²“, во сопственост на јутјуберот и инфлуенсер Богдан Илиќ, познат како „Бака Прасе“, кој беше целосно уништен во пожарот во февруари.