ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИИ И НАПАДИ СО ДРОНОВИ ВО РУСИЈА: Откажани летови, прекин на интернет, неочекуван удар од Украина

(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИИ И НАПАДИ СО ДРОНОВИ ВО РУСИЈА: Откажани летови, прекин на интернет, неочекуван удар од Украина

Украина изврши напад со беспилотни летала врз неколку региони во Русија, предизвикувајќи сериозни експлозии и пожари во близина на рафинерии за нафта во Саратов и Ухта — градови оддалечени дури 2.000 километри од украинската граница.

Во нападите едно лице загина, а неколку се повредени. Во Саратов, украински дрон удри во дворот на станбена зграда, по што жителите беа евакуирани, а поставено е и привремено засолниште во училиште. Во меѓувреме, бројни летови беа одложени на аеродромот во Сочи поради безбедносни мерки.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 121 украински беспилотни летала на територијата на 14 руски региони, вклучувајќи Краснодар, Крим, Брјанск, Белгород, Воронеж, Саратов, Ставропол и други.

Ова е првпат украински дронови да стигнат до толку далечни руски региони, што покажува зголемена способност на украинските сили за удари на голема далечина. Специјалните служби во Русија работат на местата на нападите, додека локалниот мобилен интернет во некои области е привремено прекинат.

Нападите укажуваат на нова ескалација во конфликтот, која предизвика и затегнатост во воздушниот сообраќај и безбедносните мерки низ цела Русија.

ВИДЕО

Escape