ПРВ.мк

Силен земјотрес од 5,8 степени според Рихтер го погоди Мексико

Силен земјотрес од 5,8 степени според Рихтер го погоди Мексико
Jumbo Banner

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер ја погоди денеска мексиканската сојузна држава Чијапас, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според првичните информации, потресот бил регистриран на околу 25 километри оддалеченост од градот Сан Кристобал де лас Касас, а епицентарот се наоѓал на длабочина од приближно 260 километри под површината.

Во моментов нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Локалните власти ја следат ситуацијата и апелираат за смиреност.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран