Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе издвои повеќе од 500 милиони евра за поддршка на научните истражувања во периодот 2025–2027 година.
„Науката е инвестиција – и мора да понудиме вистински поттик. Затоа можам да објавам дека ќе предложиме нов пакет од 500 милиони евра за да ја направиме Европа магнет за истражувачи“, изјави фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.
Таа истакна дека целта е Европа да стане примамлива дестинација за научници од целиот свет, особено во контекст на неодамнешните случувања во САД.
Имено, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави дека би можело да дојде до кратење на федералното финансирање на универзитети како Харвард, што отвори простор за Европа да преземе водечка улога во глобалната научна сцена, пренесува Reuters.