На 04.05.2025 во 19.45 часот во СВР Тетово е пријавено дека крстосница од улица ,,Илинденска“ и улица ,,Никола Тесла“ во Тетово настанал пожар на два мотоцикли сопственост на Ф.Б.(41) и В.О.(37), двајцата од Тетово. Нема повредени лица, а пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа од СВР Тетово.