ПРВ.мк

Сојузниците преговараат за дополнителни „Patriot“ за Киев

Сојузниците преговараат за дополнителни „Patriot“ за Киев
Jumbo Banner

Западните сојузници на Украина преговараат за испорака на дополнителни системи за воздушна одбрана „Patriot“ и сакаат да постигнат договор за ова пред самитот на НАТО кон крајот на јуни, изјави во понеделник извор na Reuters запознаен со ова прашање.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец за американската телевизиска мрежа CBS News изјави дека неговата влада е подготвена да купи десет американски системи за потиввоздушна одбрана кои се клучни за соборување на руските балистички ракети.

Според воените аналитичари на порталот Defense Express, во април годинава Украина имала само седум целосно оперативни системи „Patriot“, но не се наведува состојбата со другите десетици кои му беа испорачани на Киев.

Изворот, кој зборувал за Reuters под услов на анонимност, рече дека САД и Грција се меѓу потенцијалните добавувачи на дополнителни системи.

Два американски извора запознаени со прашањето рекле дека повеќе од системите „Patriot“ за Украина биле одобрени од поранешниот претседател Џо Бајден и дека Доналд Трамп не го спречил тоа.

Атина подоцна негираше дека е вмешана во планот. „Не станува збор за снабдување на Украина со системи Patriot од Грција“, изјавил владин претставник за Reuters.

Одбраната е чувствително прашање за Грција поради децениските конфликти со Турција, сосед и сојузник во НАТО.

Атина, која испрати илјадници ракети, експлозиви, пешадиски борбени возила и муниција, меѓу другото, минатата година повтори дека не може да ѝ обезбеди на Украина системи „Patriot“.

Повикувајќи се на американски официјални лица, весникот The New York Times во неделата објави дека Вашингтон планира да испрати еден системот „Patriot“ во Украина откако ќе биде репариран во Израел. Беше наведено и дека сојузниците разговараат за „логистиката на Германија или на Грција“ за да дадат уште еден систем.

Зеленски рече дека разговарал за системите за противвоздушна одбрана со Трамп на маргините на погребот на папата Франциско во Ватикан, во она што го нарече „најдобрата средба“ што двајцата ја имале досега.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран