ПРВ.мк

Што му кажала Меланија? Трамп конечно откри зошто ја објавил фотографијата на која е прикажан како папа

Што му кажала Меланија? Трамп конечно откри зошто ја објавил фотографијата на која е прикажан како папа
Jumbo Banner

Трамп за фотомонтажата како Папа: „Немам ништо со тоа, ама изгледа симпатично“

Американскиот претседател Доналд Трамп откри како контроверзната фотографија на која е прикажан облечен како Папа се појавила на интернет, велејќи дека нема никаква поврзаност со нејзината објава.

На редовен брифинг за медиумите во Овалната канцеларија, новинарите го прашаа Трамп за фотомонтажата што неодамна ја објави Белата куќа, а која предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Станува збор за слика на која Трамп е прикажан во бела папска облека, со сите симболи на Ватикан.

„Католиците ја сакаа сликата. Јас немам ништо со тоа. Некој ја направил, ја објавил и толку. Можеби е дело на вештачка интелигенција, навистина не знам“, изјави Трамп, додавајќи дека не знаел дека ќе биде објавена.

Тој со насмевка додаде дека неговата сопруга Меланија му рекла дека изгледа „слатко“.

Иако тврди дека не стои зад неа, Трамп ја сподели контроверзната фотографија и на своите официјални профили, вклучително и на платформата Truth Social, каде што редовно се огласува.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран