ПРВ.мк

Израел изведе воздушни напади врз цели во Јемен: Во операцијата учествувале 20 борбени авиони

Израел изведе воздушни напади врз цели во Јемен: Во операцијата учествувале 20 борбени авиони
Jumbo Banner

Израел изведе воздушни напади врз цели во Јемен како одговор на нападот врз аеродромот „Бен Гурион“

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека вечерва се изведени воздушни напади врз цели поврзани со јеменските бунтовници Хути, како одговор на вчерашниот ракетен напад врз аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.

Според соопштението на ИДФ, нападите биле насочени кон инфраструктура на Хутите долж јеменското крајбрежје, вклучувајќи го и стратешки важното пристаниште Ходеида и фабрика за бетон во близина на градот Баџил, кој се наоѓа на околу 2.000 километри од Израел. Израелскиот весник The Times of Israel пренесува дека во операцијата учествувале околу 20 борбени авиони, кои испратиле околу 50 проектили кон целите.

„Хутите го користат пристаништето Ходеида за транспорт на иранско оружје, воена опрема и други терористички цели“, се наведува во соопштението на израелската војска.

Објавени се и фотографии од борбени авиони подготвени за полетување, а се потврдува дека во операцијата биле вклучени и извидувачки летала и авиони за дополнување на гориво во воздух.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран