ПРВ.мк

На 9 мај почнува судењето за прегазувањето на Фросина Кулакова

На 9 мај почнува судењето за прегазувањето на Фросина Кулакова
Jumbo Banner

На 9 мај ќе започне судењето за сообраќајната несреќа што се случи на 29 јануари годинава, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготина. Ова е случај што го разбранува јавното мислење од почетокот на годината со организирани неколку протести во Неготино и во Скопје, со барање за затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов. 

На 29 јануари, Јованов, без возачка дозвола, под дејство на алкохол, на црвено светло и на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, смртоносно удри во Кулакова. Овој случај ги крена и гласовите на многу други семејства на жртви од сообраќајни несреќи, кои, незадоволни од судските одлуки за сторителите на вакви дела, излегоа на улица. 

Јавниот гнев се зголеми откако се појави информација дека Јованов, во времето на несреќата, требало да биде во притвор за друг случај за поседување дрога, но судијката Даниела Алексоска Стојаноска наместо тоа му изрече воспитна мерка. Исто така, се појавија информации дека таткото на Јованов е воено лице и ја искористил својата позиција за да влијае врз одлуката на Алексоска Стојаноска да го ослободи неговиот син. Преку прес-конференција со нивниот адвокат, родителите на Јованов изразија сочувство за покојната Кулакова и ги негираа информациите во јавноста дека на каков било начин се мешале во одлуката на судијата. Беше поднесено обвинение против таткото на Васил Јованов, кого обвинителството го товари за предизвикување општа опасност, имено обвинувајќи го дека свесно му дозволил на својот син да вози „Пежо 207“ во период од три години, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и дека е повеќекратен прекршител на сообраќајните правила. 

Во меѓувреме, во случајот Кулакова, на Васил Јованов ќе му се суди за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, што значи дека може да биде осуден на затворска казна до 20 години. 

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран