ПРВ.мк

Димитриеска – Кочоска: Македонија и Турција со зајакната соработка за подобра трговија

Димитриеска – Кочоска: Македонија и Турција со зајакната соработка за подобра трговија
Jumbo Banner

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска оствари средба со турскиот министер за трговија, проф. д-р Омер Болат, на која беше истакната силната политичка и економска врска меѓу Македонија и Турција, изградена врз основа на долгогодишно пријателство и бројни билатерални договори.

На средбата, двете страни се согласија дека е неопходна подлабока соработка меѓу царинските органи на двете земји, со посебен акцент на интензивирање на комуникацијата и размената на податоци. Тоа, како што беше истакнато, ќе придонесе за олеснување на трговијата, подобрување на бизнис климата и привлекување нови инвеститори.

Димитриеска – Кочоска нагласи дека Владата останува посветена на забрзан економски раст и продлабочување на соработката со пријателските земји, меѓу кои клучна улога има Турција. Во таа насока, било договорено и обновување на постојните договори, во согласност со новите стандарди и препораки.

Средбата претставува важен чекор кон уште поинтензивна економска и институционална поврзаност меѓу Скопје и Анкара.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран